Кривична за тројца кичевци поради пустошење шума

by fokus

Кривична пријава добија двајца кичевци, поради бесправна сеча на дрва, со што го оштетиле буџетот за над половина милион денари.

„Надворешната канцеларија за криминалистички работи Кичево поднесе кривична пријава против С.Д.(38) од Кичево, З.Р.(33) од село Жубрино,кичевско и Ф.В.(32)  од Кичево поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „кражба“ на дрва. Во периодот од јули 2019 година до 05.08.2019 година на подрачје на Кичево пријавените извршиле бесправна сеча на 77 м3 дабови дрва, со што се стекнале со противправна имотна корист од 539.000 денари“, велат од МВР.

Поврзани новости