Министерството за внатрешни работи информираше дека „СВР Скопје поднесе кривична пријава против Б.М. (37) од Тетово, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „убиство во обид“ и „бегство на лице лишено од слобода“.
Бегалецот Беким Мемети кој во јануари годинава успеа да избега при спровод од болница кон затворот „Идризово“ се уште е во бегство.
„На 12.01.2023 на автопатот `Пријателство`, додека бил вршен спровод на пријавениот, осудено лице, од Казнено-поправната установа Идризово до Комплексот клиники `Мајка Тереза` Скопје, тој одзел службен пиштол од вработен во затворската полиција и испукал еден проектил, со кој го ранил. Притоа, службеното возило застанало, а пријавениот излегол од возилото и влегол во патничко возило „ауди“ без регистарски ознаки и заминал“ соопштија од МВР.