Кривична за тетовец, уценувал девојка со компромитирачки фотографии

by Fokus

СВР Тетово поднесе кривична пријава против Б.Ш.(23) од Тетово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „уцена“.

Во текот на февруари 2023 година, пријавениот преку социјалната мрежа Инстаграм уценувал девојка од тетовско село дека ќе објави нејзини компромитирачки фотографии доколку не ги исполни неговите барања.

Исто така, на 27.05.2023 физички ја нападнал девојката.

 

Поврзани новости