Кривична за стружанец за кражба на струја во вредност од 4.000 евра

by Fokus

СВР Охрид поднесе кривична пријава против правно лице – угостителски објект и против А.Р.(27) од Струга, сопственик на правното лице, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „кражба на електрична енергија, топлинска енергија или природен гас“.

На 17.01.2025, при извршена контрола било констатирано дека во угостителскиот објект бил вграден апарат, кој го манипулирал броилото за електрична енергија и на тој начин не била прикажувана реалната потрошувачка на електрична енергија. На тој начин била оштетена ЕВН Груп Македонија за износ од 260.045 денари.

Поврзани новости