Жител на селото Велешта доби кривична пријава поради тоа што пред повеќе од два месеци, прегазил албански државјанин и неговиот син, а подоцна неговиот татко починал.
„Поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот“, Полициската станица Струга поднесе кривична пријава против С.Б.(54) од струшкото село Велешта. Тој на 17.09.2019, управувајќи патнички автомобил „голф“ на регионален пат, извршил неправилно свртување кон локалниот пат за селото Добовјани и удрил во патнички автомобил „југо“, а потоа во С.Б.(55) и неговиот малолетен син, двајцата од Р.Албанија, кои се движеле по патот. Тие се здобиле со тешки телесни повреди од кои С.Б. подоцна им подлегнал на повредите. Со телесни повреди се здобил и возачот на автомобилот „југо“, Р.П.(58) од Вевчани“, велат од МВР.