478
Двајца жители на Скопје добија кривична пријава поради сомнение за сторено кривично дело „узурпација на недвижности“, информираат од МВР.
„СВР Охрид до надлежното Јавно обвинителство поднесе кривична пријава против М.Х.(29) и М.Х.(25), двајцата од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „узурпација на недвижности“. Пријавените, на катарстарска парцела на државно земјиште лоцирана во населбата Трпејца, во зоната на строга заштита што е дел од Националниот парк „Галичица“, изградиле станбен објект. Тоа го направиле без одобрение за градба, со што извршиле узурпација на земјиште во државна сопственост“, велат од МВР.