Прорив шестмина изработувачи на оружје е поднесени обвинение за преработка на гасни пиштоли во огнено оружје со калибар 7.62 и негова продажба на црниот пазар. Членовите на криминалната група ги продавала пиштолите по цена од 150 до 400 евра на лица обвинети во други кривични дела.
Како што соопшти Јавното обвинителство, на лицата на кои им се става на товар дека сториле кривично дело Неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи.
-Во текот на месец октомври 2018 година, првообвинетиот како организатор, со уште тројца обвинети, создал организирана криминална група која до февруари 2019 година, неовластено изработувала, држела, продавала и посредувала во трговија со огнено оружје и муниција во поголемо количество. Првообвинетиот набавувал пиштоли за светлосна и звучна сигнализација од непознато место и му ги давал на второобвинетиот, кој во неговата работилница со употреба на пригоден алат неовластено изработувал огнено оружје. Тој ги вадел цевките што служат за испукување на гасен куршум и со дополнителна неовластена механичка интервенција монтирал метална жлебена цевка, со која овозможувал преправеното оружје да се употребува како огнено оружје за истрелување на проектили од пиштолска муниција обично со калибар 7,65мм. На ваков начин гасните пиштоли ги пренаменувал во огнено оружје кое може да се употребува за нанесување на тешки повреди со смртни последици, информираат од ЈО.
Надлежниот обвинител предложил одземање на огненото оружје, муницијата и средствата за нивно изработување, пренесување и растурање.