Кривична за претседател на здружение на ловци поради злоупотреба на службената положба

by Fokus

Жител на Чешиново заработи кривична пријава поради злоупотреба на службената положба додека бил претседател на здружение на ловци од Чешиново.

„Надворешната канцеларија за криминалистички работи Кочани поднесе кривична пријава против Д.Г.(58) од с.Чешиново, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“. На 23.08.2019 пријавениот, како претседател на здружение на ловци од Чешиново, и покрај тоа што знаел дека од 01.04.2019 со одлука на Владата на Р.С.Македонија концесијата за ловиштето „Соколарци“ била одземена од наведеното здружение, им овозможил на две лица од Р.Грција да ловат дивеч во наведеното ловиште“, велат од МВР.

Поврзани новости