Кривична за полицаец кој примил поткуп за да не напише казна за сообраќаен прекршок

by Fokus

Одделот за внатрешна контрола при МВР до Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, поднесе кривична пријава против Д.М., полициски службеник во Полициското одделение за безбедност на патниот сообраќај Пробиштип при СВР Штип.

Според информациите, на 19. овој месец при вршење сообраќајна контрола кај наплатна станица Кадрифаково, пријавениот побарал и примил поткуп од државјанин на Косово за да не му издаде прекршочен платен налог за констатиран сообраќаен прекршок од Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата.

Одделот за внатрешна контрола поднесе и предлог за поведување на постапка за кршење на работниот ред и дисциплина и изрече задолжителна мерка отстранување од работното место до завршување на дисциплинската постапка.

Поврзани новости