450
Полициската станица Кочани поднесе кривична пријава против поранешниот градоначалник на Општината Чешиново – Облешево, Костадин Личков. Се товари за „злоупотреба на службена положба и овластување“.
Според пријавата во 2014 година, Личков од позиција на градоначалник ја искористил својата службена положба и ги пречекорил границите на своите овластувања постапувајќи спротивно на Законот за јавни набавки. Без да спроведе јавна набавка Личков избрал правен субјект од Скопје да изврши воздушно снимање со дрон за време на тридневните активности за одбележување на празникот на општината „Мала Богородица“.
Со ова Личков го оштетил буџетот на општината за износ од 87.084 денари, средства кои и ги исплатил преку фактура на скопската фирма.