Кривична за екс градоначалникот на Свети Николе – Сашо Велковски

by Fokus

Поднесена е кривична пријава против С.В.(53) од Свети Николе поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службената положба и овластување“.
Како што информираат од МВР, пријавениот, во 2021 година, во својство на градоначалник на општина Свети Николе, за реализација на проектот за изградба на фекална канализација во населено место Рудина, спротивно на законските одредби и со пречекорување на своите овластувања, спровел јавна набавка и склучил договор со приватна фирма во вредност од 1.649.400 денари, а во текот на градбата бил склучен и анекс договор во вредност од 329.806 денари за непредвидени и дополнителни работи.

„Во исто време, во 2021 година, повторно спровел јавна набавка за тампонирање и чистење на улиците во Свети Николе со градежна механизација во вредност од 2.500.000 денари со друго правно лице, кое по негово одобрение, спротивно на одредбите од договорот го ископало ровот за фекалната канализација. По преземените мерки било утврдено дека за проектирана вредност на фекалната канализација од 1.996.082 денари, биле платени вкупно 4.761.957 денари“ стои во соопштението од МВР.

Поврзани новости