Кривична за екс-директор на ЈП Кратово поради злоупотреба на службената положба

by fokus

Поранешен директор на ЈП Кратово заработи кривична пријава поради злупотреба на службената положба, при што извршил противправен промет во вредност од над милион денари.

„На 29.10.2019 Надворешната канцеларија за криминалистички работи Кратово до Основното јавно обвинителство Куманово поднесе кривична пријава против М.Ц. (61) од Кратово, поради основано сомнение дека сторил кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“. Пријавениот, во временски период од 01.02.2018 до 01.04.2019 година, додека извршувал функција директор на Јавно претпријатие за комунални дејности и инфраструктура Кратово – Кратово, ја злоупотребил својата службена положба и овластување со неизвршување на својата службена должност и самоволно, без да биде објавен јавен оглас и да спроведе тендерска постапка за доделување и склучување на договори за јавна набавка, набавувал стоки со вредност поголема од 500 евра и изнајмувал други услуги без никакви договори, од разни правни лица од РСМ, со што извршил противправен промет на стоки и работи во вкупна вредност од 1.933.706 денари, кои се исплатени од сметката на ЈПКДИ Кратово – Кратово на наведените правни лица, со што го оштетил буџетот на РСМ“, велат од МВР.

Поврзани новости