848
Жител на Дебар доби кривична пријава поради тоа што поставил ограда покрај Дебарското езеро, пренесуваат од МВР.
„Поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „узурпација на недвижности“, ОВР Дебар поднесе кривична пријава против А.К.(67) од Дебар. Тој, на катастарска парцела на површина од околу 300 метри квадратни, покрај Дебарското eзеро, неовластено поставил ограда со што, на штета на АД „ЕСМ“-Скопје, противправно се стекнал со имотна корист од 594.000 денари“, додаваат од МВР.