557
Жител на беровското село Будинарци, заработи кривична пријава поради предизвикување „тешки дела против општата сигурност“, велат од МВР.
„ОВР Берово поднесе кривична пријава против Д.П.(58) од с. Будинарци, беровско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „тешки дела против општата сигурност“. Пријавениот на 27.02.2021, во периодот од 08.15 до 11.00 часот, запалил оган на имотот со намера да го изгори отпадот, по што огнот почнал неконтролирано да се шири и предизвикал пожар кој зафатил плевна во сопственост на Д.П. од Кочани, со кое дејствие предизвикал имотна штета од 245.000 денари“, додаваат од МВР.