Кривична за Ацо Спасеновски, како министер овозможил незаконска исплата на 7,3 милиони денари

by fokus

Управата за финансиска полиција до Основното јавно обвинителство Скопје поднесе кривична пријава против поранешниот министер за земјоделство Ацо Спасеновски.

Спасеновски се товари за злоупотреба на службената положба и овластување. Во својство на министер, во 2009 година овозможил исплата на 7,3 милиони денари за наводни научни истражувања, информира Финансиската полиција.

Кривични пријави се поднесени и против сопственикот на „Меѓународен Агро Консалтинг“, А.Ѓ., како и против правното лице „Меѓународен Агро Консалтинг“.

-Првопријавениот А.С. во својство на министер за земјоделство, шумарство и водостопанство во текот на 2009 година потпомогнат од второпријавениот А.Ѓ, сопственик и управител на третопријавеното правно лице Меѓународен Агро Консалтинг, ја злоупотребил својата службената положба и овластување на начин што дал налог и исплатил фактури во вкупен износ од 7.338.551 денари за што биле доставени и примени во Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство вкупно 27 невистинити извештаи за „извршено научно и мониторинг истражување“, односно овозможил третопријавеното правно лице да стекне противправна имотна корист од 7.338.551 денари, за кој износ го оштетиле Буџетот на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, информира Финансиската полиција.

Поврзани новости