Социјалдемократската партија најави дека ќе поднесе кривична пријава против косовскиот премиер Албин Курти за неговиот статус на ветеран на ОВК. Според СДП, Курти ѝ се приклучил на ОВК во август 1998 година, а се повлекол на 2 март 1999 година.
„Како што е предвидено со закон, ветеран е лице кое останало до крајот на војната на ОВК. Знаеме дека војната заврши во јуни, три месеци откако Курти ја напуштил ОВК. Истиот закон ја дефинира и казната во случај некој да ја фалсификува декларацијата за учество во војната. Има материјални докази, со документи и изјави, кои ја покажуваат измамата што ја извршил Курти за стекнување на статус на ветеран на ОВК“, се вели во соопштението на СДП.
Оваа партија пред неколку дена одржа акција пред зградата на Владата на Косово, при што беше истакнат транспарент на кој премиерот Албин Курти го нарече лажен ветеран на ОВК.