87
ОВР Дебар поднесе кривична пријава против В.Ј.(67) од селото Праленик, општина Центар Жупа, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „мачење животни“.
Според полициските информации, тој, на 23.12.2023 со тврд предмет повеќепати удрил по глава домашно животно – крава, сопственост на С.Х. од селото Праленик, која подоцна угинала.