74
МВР информира дека надворешна канцеларија за криминалистички работи Струга поднесе кривична пријава против Д.М.(34) од Струга поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „фалсификување исправа“.
Како што соопштуваат од МВР, на 04 овој месец при претрес во домот на пријавениот, биле пронајдени и одземени лажни дипломи и компјутер со фајлови за изработка на фалсификувани дипломи.