Кривична за 28-годишник од Велешта, на социјалните мрежи ширел содржини со детска порнографија

by Fokus

МВР информира дека СВР Охрид поднесе кривична пријава против И.Ј.(28) од струшкото село Велешта, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „производство и дистрибуција на детска порнографија“.

Според информациите, тој, користејќи апликации за комуникација, на повеќе социјални мрежи се зачленувал во групи, во кои ширел содржина со детска порнографија.

Потоа, истите ги споделувал во други групни и лични профили со кои разменувале линкови од групи со таква и слична содржина.

 

Поврзани новости