Кривична за 26-годишна охриѓанка: Избришала податоци од фолклорно друштво каде била вработена

by fokus

26-годишна девојка од Охрид доби кривична пријава, поради кривично дело „оштетување и неовластено навлегување во компјутерски систем“. Пред речиси два месеци, таа избришала податоци од фолклорно друштво каде била вработена.

„Секторот за внатрешни работи Охрид поднесе кривична пријава против Џ.Б.(26) од Охрид за сторено кривично дело ,,оштетување и неовластено навлегување во компјутерски систем”. На 30.10.2018 година пријавената, поранешна вработена во фолклорно друштво од Охрид, неовластено пристапила на веб-страната сопственост на фолклорното друштво, и избришала податоци по што истата ја променила лозинката на електронската адресата“, велат од МВР.

Поврзани новости