695
Момче на возраст од 17 години доби кривична пријава, откако минатиот јули, бил фатен од полицијата со марихуана и истата ја одзеле.
„ОВР Гостивар поднесе кривична пријава против 17-годишник, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“. На 16.07.2020, полициски службеници извршиле преглед над возилото, кое го управувал 17-годишникот, при што пронашле и одзеле марихуана“, велат од МВР.