533
Иселеник од Куманово со привремен престој во Швајцарија ќе одговара за бесправно градење затоа што подигнал станбена куќа со деловни содржини од втора категорија на улицата „Христијан Тодоровски Карпош“. Кривична пријава е покрената и против Друштво за градежништво, производство трговија и услуги “НОВА ГРАДБА” ДООЕЛ, од село Липково, како изведувач на градежните работи, и против управителот на фирмата, 30-годишниот Г.Р.
Според полицијата во 2016 и 2017 година во Куманово прво и второпријавениот изградиле семејна стамбена куќа со деловни содржини од втора категорија со отстапувања и спротивно на издаденото одобрение за градење и заверениот основен проект.