Секторот за внатрешни работи Куманово поднесе кривична пријава против М.П.(36) од Куманово, за сторени кривични дела „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“ и „недозволено изработување, држење и тргување со оружје и распрскувачки материи“.
„На 28 август во Куманово од страна на полициски службеници при извршен претрес во домот на пријавениот, биле пронајдени и одземени 410,83 грама марихуана, саксија со растение кое припаѓа на растителниот род Cannabis, дробилка со остатоци од растението Cannabis, луле со остатоци од мешавина на тутун и Cannabis и дигитална вага, додека при преглед на патничко возило „Цитроен Ксара“ кое било паркирано пред неговиот дом била пронајдена и одземена ловечка пушка марка „ТОЗ“ калибар 16 мм“, велат од МВР.