Секторот за внатрешни работи во Велес поднесе кривична пријава против поранешниот градоначалник на Општина Кавадарци, Александар Панов, и против поранешниот секретар на Општината, 38-годишниот К.Д. И двајцата се товарат за злоупотреба на службената положба и овластувања.
Според полицијата К.Д. како секретар на општина Кавадарци во периодот од 2012 до 2016 година, спротивно на правните акти на општината, ја користел Верна картичката при набавка на нафтени деривати за патување, при што дел од горивото користел и за приватното возило. На овој начин го оштетил буџетот на Општината за 360.000 денари.
Панов, како градоначалник на општина Кавадарци, во наведениот период, дозволил првопријавениот да ја користи Верна картичката за набавка на нафтени деривати за патување, а дел од набавеното гориво, првопријавениот да го искористи за лични потреби.