414
Против 32-годишниот Б.З. од Скопје е поднесена кривична пријава за злоупотреба на службената положба и овластување, затоа што како директор на банка неосновано издал наредба за извршување.
„Пријавениот на 12.10.2016 година, како овластено лице директор во банка, неосновано издал барање до извршител К.С. за спроведување на постапка за присилно извршување кон правно лице од Пробиштип, односно жирантите П.Т. и П.С. од Пробиштип, со што го оштетил правното лице за 115.055 денари“, велат од полицијата.