33-годишниот Ш.М. од Скопје е осомничен за убиството на 41-годишна жена во саботата на улица „Дижонска 22“ во скопски Чаир.
Според полицијата на убиството му претходела вербална расправија. Наводно жртвата Ж.К. го обвинила осомничениот Ш.М. дека украл од неа неколку работи. За време на расправијата го испрскала со спреј –солзавец, , по што зела стап и почнала да го удира по глава.
Во еден момент, Ш.М. замавнал со нож кон оштетената и и нанел убодна рана во пределот на стомакот.
Откако оштетената била преземена од Итна медицинска помош, медицинските лица во амбулантното возило констатирале смрт. По извршен службен разговор со пријавениот, тој ги појаснил околностите под кои го извршил кривичното дело. СВР Скопје поднесе кривична пријава против Ш.М. од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „убиство“.