Кривична пријава за Стевчо Јакимовски за гаражата што сака да им ја сруши поради Спиро Ристовски

by Fokus

Кривична пријава против градоначалникот на Карпош, Стевчо Јакимовски и против уште петмина вработени во Општината, поднесе семејството Петковски од Тафталиџе, за злоупотреба на службена положба и овластување, несовесно работење во службата и фалсификување службена исправа.

Станува збор за случајот со гаражата на улица „Букурешка“, сопственост на семејството Петковски, која Општината најави дека ќе ја урне за да направи пристап до парцела каде што како сопственик се појавува поранешниот министер за образование Спиро Ристовски.

„Мојата гаража не ја давам, дај ја Стевче ти твојата“ му порача сопственикот на гаражата на вчерашниот протест, а со него се солидализираа соседите кои симболично ставија рака на гаражата.

Поврзани новости