Министерството за внатрешни работи соопшти дека поднеле кривична пријава против вработен во Затворска полиција за „противзаконито ослободување на лице лишено од слобода“.
„Единицата за корупција при Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал (ОСОСК) денеска до Основното јавно обвинитечлство за гонење на организиран криминал и корупција поднесе кривична пријава против И.П.(45) од Скопје, за сторено кривично дело ‘противзаконито ослободување на лице лишено од слобода’, предвидено и казниво по член 373 од Кривичниот законик“, соопшти МВР.
Од полицијата објаснуваат дека И.П. , кој е затворски полицаец во КПУ-КПД Идризово Скопје, во неделата, додека бил на смена, на барање на Д.К. од Куманово, осуден за издржување казна затвор до 2027 година за сторени кривични дела по чл.237 ст.1 и чл.396 ст.1 од Кривичниот законик, со затворен третман, му ја отворил вратата кон Отвореното одделение, овозможувајќи му да избега од КПУ Идризово.
„Со вака преземените дејствија И.П. постапил спротивно на процедурите, надлежностите и работните задачи и обврски за обезбедување, со што сторил кривично дело „противзаконито ослободување на лице лишено од слобода“, по чл. 373 од Кривичниот законик“, соопшти МВР.