109
Полицијата поднесе кривична пријава против возачот кој го пренесе Љупчо Палевски од Белград до Турција поради случајот со двојното убиство на 14-годишната Вања Ѓорчевска и велешанецот Панче Жежовски.
Од МВР велат дека постојат основи на сомневање дека С.Д. сторил кривично дело помагање.
Тој се сомничи дека од 1 до 3 декември со автомобил „ленд ровер“, со струмички регистарски ознаки, сопственост на струмичка фирма, го зел Палевски од Белград и го однел во Турција, со цел да му помогне да избега и да се сокрие од органите за прогон.
Возачот кој заврши во притвор, негира вина за случајот.