Кривична пријава за тројца вработени на Универзитетот во Тетово, злоупотребиле 5 милиони денари

by fokus

Управата за финансиска полиција до Основното јавно обвинителство Тетово поднесе кривична пријава против Р.Ф.,  раководител на Центарот за информатички технологии при Државниот универзитет во Тетово (ДУТ), М.В., советник за информатички и компјутерски технлогии при ДУТ и Ѓ.А., соработник за за информатички и компјутерски технлогии при ДУТ, поради постоење основано сомнение за сторено кривично дело „несовесно работење во службата“.

Според Финансиската полиција, Р. Ф., М. В. и Ѓ.А. несовесно постапувале во вршењето на своите овластувања и должности со што го оштетлите Буџетот на ДУТ за пет милиони денари.

-М.В. и Ѓ.А. на 22 декември 2016 година, по добиена наредба од Р.Ф., потпишале и потврдиле прием, имплемантација и овозможиле плаќање на Интегриран информациски систем кој потоа воопшто не бил ставен во функција. Со тоа предизвикале штета врз Буџетот на ДУТ во вкупен износ од 5.009.188 денари, информира Финансиската полиција.

Поврзани новости