Дваесет и двегодишниот арачиновец Е. А. е лишен од слобода и определен му е 30-дневен притвор затоа што се сомничи за пукањето што вечерта на 28 август се случи во селото Арачиново, информираат од Министерството за внатрешни работи (МВР).
За Е.А., како и за уште две други лица, 29-годишниот Е.Б. и 27-годишниот В. А., од МВР велат дека се поднесени кривични пријави за делата обид за убиство и предизвикување општа опасност.
Приведувањето на Е. А., како што велат од МВР, доаѓа откако на 28 август околу 21 часот во Арачиново со огнено оружје било пукано кон арачиновците А. И. (25) и В. Б. (29). Во пукањето со прострелни рани се здобил А. И. и бил пренесен во комплексот клиники „Мајка Тереза“ за укажување на лекарска помош.
„Од страна на полициски службеници од Единицата за насилен криминал – Одделение за крвни и сексуални деликти извршени се претреси на повеќе локации во селото, при што од слобода е лишен Е. А. (22) од Арачиново“, се вели во соопштението од МВР.