Кривична пријава за сопственик на кафеана во Куманово, услужувале гости по 21 часот

by fokus

Кафеана во Куманово која услужувала гости по 21 часот е затворена, а сопственикот ќе добие кривична пријава, информираат од МВР.

-На 31.01.2021 во 21.30 часот полициски службеници од СВР Куманово извршиле контрола во угостителски објект на ул.„Ленинова“ во Куманово, при што било констатирано дека објектот работи по дозволеното работно време за угостителски објекти, а во објектот биле затекнати осум лица – гости, пет вработени и сопственикот М.С.(34).

Од страна на Државен пазарен инспекторат објектот бил затворен. По целосно документирање на случајот, против сопственикот М.С. ќе биде поднесена кривична пријава по член 206 од Кривичниот законик за „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“, информираат од МВР.

Поврзани новости