371
Скопјанка една година мамела сопружници од Скопје дека за 500 евра ќе им среди да добијат инвалидска пензија, соопштија од полицијата.
Покрај ветувањата 60-годишната жена им претставувала лажни факти како доказ дека може да ја среди работата, но покрај договорената сума таа во неколку наврати зела дополнително околу 1.100 евра (69.275 денари).
Како што соопшти скопската полиција, скопјанката добила кривична пријава поради сомнение за кривично дело измама.