Кривична пријава за примање поткуп против двајца полицајци од Скопје

by Fokus

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди до Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција поднесе кривична пријава против полициските службеници Б.В. и Х.З., вработени во СВР Скопје, кои се осомничени дека сториле кривично дело „примање поткуп“ по член 357 од Кривичниот законик.

Како што соопшти денеска МВР, пријавените на 25 септември 2022 при вршење на сообраќајна контрола на улица „Димитрија Чуповски“ во Скопје од оштетениот Г.Ј. побарале и примиле поткуп за да не извршат службено дејствие кое биле должни да го извршат, односно за да не изготват прекршочен платен налог за констатиран сообраќаен прекршок за поминување на црвено светло.

Против полициските службеници е покрената и постапка за утврдување на дисциплинска одговорност и отстранување од работното место до завршување на постапката.

Поврзани новости