На 14.07.2024 во 01.50 часот во Штип, полициски службеници од СВР Штип во координација со Одделот за криминалистичка полиција го лишиле од слобода Г.П.(22) од с.Козјак, општина Карбинци, постапувајќи по претходна пријава дека на социјална мрежа биле објавени фотографии на кои едно лице, во урбана средина, држел пиштол во рацете.
По преземени оперативни мерки лицето било пронајдено и приведено, а по извршениот увид на местото кое го посочил биле пронајдени чаури. Во врска со настанот од М.Т.(27) од Штип бил одземен пиштол „Зораки“, кој по наредба на јавен обвинител бил даден на вештачење. Г.П. бил задржан во полициска станица и во координација со Основното јавно обвинителство Штип, по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена кривична пријава за „предизвикување на општа опасност“.