0
Полицијата поднесе кривична пријава против поранешниот директор на Општата болница во Охрид, поради злоупотреба на службената положба и овластувања.
Според СВР – Охрид, поранешниот в.д. директор А.Ш.(39) со пропуштање на должен надзор и без постоење правен основ, на четворица вработени во ЈЗО, кои немале решенија за раководна позиција, им определил коефициент на раководење и одговорност, со што на штета на болницата им овозможил право на повисока плата во вкупна вредност од 257.920 денари.
Сторениот прекршок бил констатиран при вонреден инспекциски надзор, извршен од страна на Државниот инспекторат за труд.