Прилепскиот Дом за стари лица „Киро Крстески – Платник“ до Основното јавно обвинителство поднесе кривични пријави против поранешниот градоначалникот на Прилеп, Марјан Ристески поради индиции дека била злоупотребена службената положба, објави на денешната прес конференција в.д. директорот на Домот, Кристијан Пиличев.
Кривични пријави се поднесени и против поранешните директори на домот, Ирена Стерјовска Локвенец и Дарко Рибароски, за злоупотреби во работењето на оваа јавна установа, како и против прилепската фирма „Марфил“.
-Екс градоначалникот Марјан Ристески и поранешната директорка Ирена Стерјовска Локвенец се сомничат за злоупотреба на службената должност и овластување, бидејќи Стерјовска Локвенец била именувана за директор на оваа установа спротивно на посебните услови од објавениот јавен конкурс. Конкретно, според конкурсот, директорот требало да има претходно работно искуство од најмалку четири години, а Стерјовска Локвенец, која дипломирала во април 2013 година, именувана била две и пол години подоцна, односно на 05.11.2015 година. Со тоа Рстески на Стерјоска незаконски ѝ овозможил да биде директор во периодот од ноември 2015 до декември 2017 година, рече Пиличев.