512
Одделот за внатрешна контрола во Министерството за внтрешни работи поднесе кривична пријава против полицаец кој тепал приведена жена.
Инцидентот се случил на крајот на месец ноември во полициската станица Центар.
-Пријавениот полициски службеник на 28/29. 11.2019 во ПС Центар врз приведено и задржано женско лице применил средства за присилба и физичка сила во повеќе наврати, без да бидат исполнети условите за употреба на средства за присилба, соопштуваат од МВР.
Тепањето било снимено на камера и против полицаецот е поведена и дисциплинска постапка за утврдување на одговорност. Крвичната пријава е поднесена до Обвинителствто за гонење на криминал и корупција – Одделение за гонење кривични дела сторени од полициски службеници.