506
Кривична пријава доби кумановец, кој под дејство на алкохол ја истепал својата невенчана сопруга, нанесувајќи и тешки повреди.
СВР Куманово поднесе кривична пријава против Г.К.(48) од Куманово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „тешка телесна повреда“. На 03.08.2019 година околу 21,00 часот во Куманово на улицата „436“, во куќата на пријавениот, истиот под дејство на алкохол, физички ја нападнал С.М.(40) од село Пчиња, со која живеел во вонбрачна заедница, при што и нанел тешка телесна повреда.