Кривична пријава за охриѓанец осомничен дека запалил два автомобила

by fokus

Поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „предизвикување општа опасност“, СВР Охрид поднесе кривична пријава против А.Г.(23) од Охрид.

Како што соопшти Министерството за внатрешни работи, А.Г. е осомничен дека на 25 месецов околу 22 часот, запалил две патнички возила, „опел виваро“, со охридски регистарски ознаки и „сеат ибица“, со скопски регистарски ознаки, паркирани пред хотелски објект во Охрид.

Поврзани новости