Кривична пријава за двајцата тетовци кои украле музичка опрема и ја сокриле во нива

by fokus

Две лица од Тетово заработија кривична пријава, поради сторена „тешка кражба“ и „фалсификување на исправа“. Тие пред два месеци извршиле кражба на музичка опрема и ја сокриле во нива.

„Секторот за внатрешни работи Тетово поднесе кривична пријава против М.А.(22) и Е.А.(27), двајцата од Тетово, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела “тешка кражба“ и “фалсификување на исправа“. На 19/20.10.2018 година во Тетово, на улица “Љубо Божиноски Пиш“, во објект-магацин пријавените извршиле тешка кражба, на начин што додека второпријавениот чувал стража, првопријавениот со употреба на погоден предмет скршил прозорeц, влегол внатре, од каде одзел разновидна музичка опрема, во вредност од 30.000 денари, која ја сокрил во нива која се наоѓала непосредна близина. Притоа, истиот ден, првопријавениот со возило  “Југо“ на кое имал поставено регистарски таблици од друго возило, дошол на наведената локација каде претходно ги сокрил украдените предмети, по што бил приведен“, велат од МВР.

Поврзани новости