Кривична пријава за двајца криумчари на мигранти

by Fokus

Полицијата од Велес вчера попладне ги лиши од слобода П.М. (20) и З.М. (22), двајцата од Гевгелија, поради сомнение дека со возило „Ауди А8“, со гевгелиски регистарски ознаки, превезувале четворица мигранти – тројца од Пакистан и еден од Сирија.

– Во 18.20 часот на регионалниот пат Р1102, возилото било запрено за контрола, возачот и совозачот избегале, а во возилото биле пронајдени мигрантите, кои биле префрлени во Прифатниот транзитен центар „Винојуг“ во Гевгелија, информираат од МВР.

Набргу, по преземени мерки и по пребарување на теренот П.М. и З.М. биле пронајдени и лишени од слобода. Тие биле приведени во Полициската станица Велес и во координација со Јавен обвинител против нив е поднесена кривична пријава по итна постапка за „засновање ропски однос и превоз на лица во ропски однос“ по член 418 од Кривичниот законик.

Поврзани новости