Вработени во Јавното претпријатие „Национални шуми“ ја злоупотребиле службенаата положба и овластувања, за што добија кривични пријави.
Единицата за економски и компјутерски криминал при СВР Скопје поднесе кривична пријава против А.Т.(45) од Скопје, вработен во Јавно претпријатие „Национални шуми“ – Подружница шумско стопанство Караџица- Скопје, поради основано сомнение за сторено кривично дело, злоупотреба на службената положба и овластување” од чл.353 и кривично дело ,,фалсификување службена исправа” од чл.361 ст.1 во врска со чл.45 од Кривичниот законик и против Н.С.(58) од Скопје, за сторено кривично дело ,,вршење на јавен превоз без поседување на лиценца” од чл.284-а од КЗ.
Првопријавениот ја злоупотребил својата службена положба на начин што жигосал со жиг огревно дрво по што изготвил и со свој потпис и печат на ЈП „Национални шуми“-ПШС Караџица заверил и издал три испратници на име на три различни физички лица, во кои внел невистинити податоци дека наводно се превезува помала количина на огревно дрво, испратниците заради вршење на превоз на огревно дрво од местото на сеча до адресата на физичките лица ги издал на второпријавениот, кој ги употребил како вистинити при контрола и увид на премерување на дрвната маса од страна на Шумска полиција, додека второпријавениот јавниот превоз на стоки во внатрешниот патен сообраќај го вршел како возач на товарно моторно возило кое било негова сопственост без да поседува лиценца за вршење на јавен превоз на стоки во внатрешен патен сообраќај која што ја издава Министерството за транспорт и врски.