Кривична пријава против тетовец за лажна пријава за бомба

by Фокус

Секторот за борба против тероризам, насилен екстремизам и радикализам при Одделот за сузбивање на организиран до Основното јавно обвинителство поднесе кривична пријава против С.Ѓ.(63) од Тетово осомничен за сторено кривично дело „тероризам“.

„На 17.12.2022 од својот мобилен телефон, пријавениот С.Ѓ. се јавил во ОВР Делчево, при што лажно се претставил и пријавил дека на повеќе локации во градот има поставено бомби“, соопштија денеска од МВР.

Полициски службеници извршиле преглед на посочените објекти, при што не биле пронајдени сомнителни предмети.

По преземени мерки и активности, посочуваат од МВР, С.Ѓ. бил лишен од слобода и во Полициската станица Тетово со него бил извршен службен разговор, по што му бил одземен телефонот и две СИМ-картици.

Поврзани новости