210
СВР Тетово поднесе кривична пријава против Н.А.(42) од с.Камењане, тетовско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „кражба на електрична енергија, топлинска енергија или природен гас“.
Во периодот од 25.05.2023 до 25.04.2024 во с.Камењане, пријавениот ја преместил мерната опрема, при што извршил директно врзување на електрична мрежа без мерење, со што на ЕВН Македонија предизвикал материјална штета од околу 232.071 денари.