Државните инспектори за труд по извршените вонредни инспекциски надзори на фармата во светиниколското село Амзабегово, каде од труење загина еден работник, а друг заврши со тешки здравствени последици, утврдија дека не се преземени соодветни мерки во согласност со прописите од областа на безбедност и здравје при работа.
-Работодавачот дозволил пристап на ангажираните работници О.Т. и С.Ј. на работни места на кои биле изложени на сериозни и специфични опасности, а притоа не добиле посебни упатства за работа, во работниот простор не биле поставени знаци за опасност, предупредување и знаци за задолжително однесување
-Работодавачот не изготвил и спровел изјава за безбедност со спроведување на постапка за Проценка на ризик на работните место помошник мајстор на кое работел сега починатиот работник О.Т. и на работното место општ работник на кое работел повредениот работник С.Ј.
-Работодавачот не обезбедил соодветна обука од областа на безбедност и здравје при работа врз основа на програма за специфичноста на работните места помошник мајстор и општ работник
-Работодавачот не обезбедил соодветна лична заштитна опрема за двајцата повредени работници
Врз основа на утврдената фактичка состојба од страна на Државните инспектори за труд ке биде поднесена кривична пријава до надлежното Основно јавно обвинителство за понатамошно постапување.