Кривична пријава против скопјанец за обид за убиство: пукал и ранил човек во угостителски објект

by Fokus

Кривилна пријава против 36-годишен скопјанец за обид за убиство.

Спроед информациите од полицијата, А.К. се обидел да убие едно лице при што пукал во него и го ранил.

„На 23.02.2024 СВР Скопје до ОЈО Скопје поднесе кривична пријава против А.К. (36) од Скопје поради обид за убиство. На 22.02.2024 околу 14.20 часот во Скопје, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишија од слобода А.К.(36) од Скопје, постапувајќи по претходна пријава дека околу 14.00 часот во угостителски објект на ул.„Ќемал Сејфула“ во Скопје пукал во Е.С. и му нанел повреда во ногата“ соопшти МВР.

Против А.К. е поднесена кривична пријава до ОЈО Скопје, а судија од Основен кривичен суд Скопје му одреди мерка притвор од 30 дена.

Поврзани новости