522
Надворешната канцеларија за криминалистички работи од Гостивар поднесе кривична пријава против Џ.У. (38), О.Ф. (55), О.Н. (54), А.Ф.(38) и Б.Ф. (56), сите од гостиварското село Орќуше, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „пустошење на шума“ и „кражба“ на дрва.
Од Министерството за внатрешни работи соопштија дека пријавените во неколку наврати извршиле бесправна сеча на шума во сопственост на ЈП „Национални шуми“ во атарите на селата Орќуше и Дуф, при што нанеле штета од околу 470.000 денари.