573
Генералниот секретар на Владата, Драги Рашковски најави дека утре ќе поднесе кривична пријава за неовластено снимање против Климент Чепуњовски.
Рашковски, кој во моментов на прес-конференција ги објаснува деталите околу случајот во М-НАВ што произлезе по објавен разговор, им се извини на сите држави и националности што се нашле повредени во објавениот разговор.
Според него, е несериозно да се објават само 15-тина минути од разговорот кој што траел околу еден час.