Инспектор за заштита на животната средина и комунални работи од Општина Конче се товари за несовесно работење и дека го оштетил општинскиот буџет за 116.000 евра. Против 46-годишниот М.А. е поднесена кривична пријава.
Како што информираат од МВ , пријавениот во 2014 година, од страна наградоначалникот на општина Конче бил овластен да изврши прием на 12.000 литри нафтени деривати, одобрени од Министерството за животна средина и просторно планирање, во име на Општина Конче. М.А. постапил спротивно на член 8 од склучениот договор помеѓу Министерството за животна средина и просторно планирање и Општина Конче и дозволил, во три наврати, да се подигнат нафтени деривати во количина од по 660 литри или вкупно 1980литри на нафта, од неовластено лице без притоа да се знае каде и како понатаму се искористени тие количини нафта.